Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од премиерот Ковачевски да го отфрли предлогот или да издејствува да бидат избришани 4 члена од предложените документи.
Тој потенцира дека тоа не е одлука само на Христијан Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ институционални и да и помогнеме на Владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред сè мислам на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и друго. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно, според мене, оваа можеби а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реевалуација, репроценка на реалната состојба“ изјави Мицкоски по средбата со Ковачевски.
Другата работа што му ја понудил рече тој, е дека ако навистина верува дека е обезбеден идентитетот во делот од заклучоците од првата меѓувладина конференција, да се избришат членовите 11 и 14 и две точки од Преговарачката рамка.
„Побаравме да бидат избришани членовите 11 и 14. Членот 11 од записникот детерминира дека нема да бидат започнати преговори се додека не го промени Уставот, а членот 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија, во кој се наоѓаат историските прашања, образованите и културни прашања, промената на учебниците. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, еве нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски.












