ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ПОРАНО ВЕЛЕА МНОГУ ПОТПИСИ, СЕГА ВЕЛАТ МАЛКУ БИЛЕ, НЕ ГИ РАЗБИРАМ

Отката беше донесен Правилникот за собирање на потписи за независните кандидати кој пак предвидува само два потписи за кандидатура, дел од засегнатите со неверување во како што велат политичарите, продолжуваат со собирање потписи за регистрирање партија.

За усвоениот Правилник на ДИК и за реакциите беше прашан премиерот Христијан Мицкоски.

„Па јас не знам стварно што треба да направиме за на некои луѓе да му се погоди, не знам што треба како Влада да направиме. Порано велеа многу потписи требаат, сега велат малку потписи се, не знам што треба ние како Влада да направиме за да обезбедиме еве сите да бидат задоволни. Тоа е невозможно.

Ова е резултат на одлуката на Уставниот суд којшто поништи два члена, не се усвоија измените на Изборниот законик во рамките на парламентот, сега таа е реакцијата, јас ја слушам и навистина не знам што можеме ние како Влада повеќе од ова да направиме за на некои луѓе да им удоволиме, односно да ги задоволиме нивните барања.

Сега ако имате бројка на потписи, многу биле потписите, ако имате само два потписи малку биле. Еве нека кажат што треба да направиме тоа ќе го направиме. Навистина не можам да разберам некои луѓе“ рече Мицкоски.