ТЕРА

REKLAMA???

МОСКВА ПОБАРАЛА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНА ОД НЕКОИ ОБЛАСТИ

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласат на прекин на огнот, Украина да ги повлече своите сили од сите украински области кои Москва ги присвои, изјави висок украински функционер запознаен со преговорите.

Првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година, одржани во Истанбул, беа „исклучително важни“ за напредок кон ставање крај на војната, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Русија и Украина договорија меѓусебна размена на 1 000 заробеници. Ова го соопшти украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводеше украинската делегација на првите директни преговори меѓу двете земји.

Претседателот Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само под услов да се постигнат одредени договори, соопштија денеска од Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не прецизира какви договори бара Русија како предуслов.