ТЕРА

REKLAMA???

МОТОЦИКЛИСТ ОД КУМАНОВО ЗАГИНА НА ПАТОТ БИТОЛА-РЕСЕН

Вчера во 16:32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која 40 годишно лице од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, соопшти МВР.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.