ТЕРА Tелевизија во текот на овие избори за локална самоуправа го слуша гласот на градот, преку директна непосредна комуникација со граѓаните. Возилото од иницијативата „Глас за градот“ досега има посетено половина од битолските населби, и регистрирано повеќе од 100 граѓански реакции. Деновиве забележавме мали промени во градското живеење.
Непосредно пред почетокот на предизборната кампања за локални избори ТЕРА Телевизија ја започна својата иницијатива „Глас за градот“ преку која се обидуваме да бидеме присутни во секоја населба во градот и да ги регистрираме размислите што ги мачат, проблемите што ги имаат , пораките што ги имаат Битолчани за градското живеење. Ги регистрираме и им даваме јавност. Некои ги оставивме за подлабоко истражување.

Така,
Иако е дел од партиските изборни кампањи, нашите сограѓани упатија сугестија до луѓето кои сега се директни учесници на избори, а се однесуваат на автобуските постојки во градот.

Една од реакциите на граѓаните беше „Автобуските постојки се вандализирани, треба нови , но и казни за вандалите.
Денеска сепак сведочиме на нова слика. Екипи на јавно претпријатие кои со мрсна боја ги освежија сите метални делови на постојките. Со реновирање на автобуските стојалишта се започна на уливата Довлеџил, Васко Карангелевски, улицата Ружа Делчева и улицата Партизанска. Се стави мрсна боја. Делот со плексиглас неможе сега да се реновира, но и тоа ќе се реализира.

Нашите граѓани реагираа и на нечисти и улици со дупки. Минувајќи по улиците за да ги снимиме автобуските стојалишта, минувачите што ги разминавме не информираа дека последнава недела секој ден екипи на јавно комунално претпријатие ги мијат тротоарите. Низ шега зборуваа дека било особено тротоарите кадешто има велосипедски патеки за естетиката на контрастот на бои да дојде до израз. Но делуваа задоволно.

Една сограѓанка реагираше на фактот дека иако нема паркинг за мопеди во делот спроти споменикот на Стив Наумов, мопеди се паркираат.
Се согледува промена. Три бетонски жардињери и една вазна го блокираат тој дел од патот и оневозможуваат користење како неплатен паркинг за веспи но и поголеми мотори. Денеска во моментот кога снимавме за овој прилог имаше само еден.

Свесно намерно ги посочуваме овие моменти од животот во градот во последните десетина денови. Експертите за медиуми велат низ овој пример Тера ја покажа моќта на медиумот во современото, модерното општество и колку е добро да се има медиуми кои поттикнуваат позитивни промени.












