ТЕРА

REKLAMA???

МУЗИЧКИ ИЗЛЕТ ВО ПРИРОДА НА РЕКАТА КОЊАРКА

Викендов во спортско-рекреативниот парк „Коњарка“ се одржа музичкиот излет во природа на реката Коњарка.

Како што информираат од Општина Новаци, многубројните гости уживаа во неверојатна комбинација од македонска музика, свеж воздух и пријатно друштво, на прекрасната локација во спортско-рекреативниот парк на реката Коњарка, Скочивир.

Настанот беше организиран со поддршка од Општина Новаци, а посетителите дојдоа во голем број уживајќи во одличното расположение.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски.

Фото: Градоначалник на Општина Новаци