Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.
По повод празникот, во Битола главниот настан се одржа во Исак Челеби џамијата, каде што утринска молитва ја предводеше имамот на џамијата Орхан Демири, а рамазанската молитва ја предводеше битолскиот муфтија Амит Расими.


Фото: Агим Џело












