М-р Емилија Стефановска Давкова, докторанд по меѓународно право на Правен факултет “Јустинијан I “ во Скопје е избрана за директор на НУУБ “Св. Климент Охридски” во Битола со Решение на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Националната Установа -Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола одлучи дека кандидатката поседува стручни и професионални квалификации за извршување на оваа функција, а нејзината програма за работа и развој на оваа институција ја оцени како позитивна, со високо развојна компонента за периодот од 2025-2029 година .












