ТЕРА

REKLAMA???

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА

Синоќа, со доделувањето на наградите и изведбата на претставата Куфер.мк. официјално беше затворено 26-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025.

Под слоганот„ Еден збор-еден свет“, фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот.

Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да проследи 10 монодрамски остварувања, а меѓународното жири, составено од Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија), ги додели следните награди:

Гран при на фестивалот: „Лирско вилинско коњче”, Театар МикрОпера – Сарагоса, Шпанија

Најдобар актер: Роналд Ранд, САД, за претставата „Нека биде уметност!”

Најдобра режија: Невена Митева, Бугарија, за претставата „Декамерон”

Дополнително, публиката ја додели својата награда на претставата „ Декамерон“ во изведба на Ана Петрова, Државен куклен театар – Сливен, Бугарија.

На свеченото затворање на фестивалот присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

На свеченото затворање, директорот Влатко Илиевски одржа говор во кој упати благодарност до сите учесници, институции, спонзори, публика и особено до тимот на Центарот за култура – Битола, без чија посветеност фестивалот не би бил можен. Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот ѝ беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.