ТЕРА

REKLAMA???

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛСКОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД

Од 14. до 20. ти март во Белград, Р.Србија се одржа 20-тиот меѓународен натпревар “Даворин Јенко”. Натпреварувачите беа поделени во различни категории во зависност од нивната возраст. На овој натпревар во дисциплината Клавир Соло учество зедоа и ученици од Државното музичко училиште кои одлично ги покажаа своите пијанистички вештини и со тоа уште еднаш докажаа дека музичкото училиште од Битола на сите натпревари во државава и странство секогаш се пласира на највисоките места и освојува одлични резултати.

За успешноста на овој натпревар говори 20-тото издание на истиот, што покажува дека се работи за натпревар со длабока музичка традиција, одлична организација, компетентна жири комисија и одлични организатори. 

Жири комисијата беше во состав: Катарина Крпан, Драгомир Братич, Радојка Иванович, Џулиано Адорно, Наташа Митрович, Гоара Нона Лазич и Марија Максимова во различни категории за клавир и клавирско дуо. Во изминатите години меѓународниот натпревар Даворин Јенко го привлече вниманието на домашната и странската музичка јавност со својот професионален, но отворен и флексибилен однос кон музиката, обидувајќи се да ги усогласи конфликтите во традиционалниот и модерниот пристап на конкуренцијата меѓу уметниците од сите возрасти, училишта и интереси.

Во категорија со голема конкуренција настапија учениците на Државното музичко училиште од Битола: Димитриј Стојчевски – ученик во 2 година – кој освои 1 награда и Анастасија Петреска-ученичка во 2 година – освои 2 награда .

Анастасија изведе дела од Јозеф Хајдн и Михаил Глинка, а Димитар од Лудвиг Ван Бетовен, Фредерик Шопен и Франц Лист. Двајцата се ученици кај професорката Татјана Божиновска. Повеќе од 8.500 натпреварувачи од Србија и странство (Словенија, Италија, Швајцарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Франција, Украина, Русија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Црна Гора, ОАЕ…) кои во претходните години учествуваа на натпреварот, стручното жири составено од одлични педагози и изведувачи од земјата и странство (Германија, Англија, Кина, Австрија, Русија, Украина, Словенија, Шпанија, Велика Британија…), гостопримството на домаќинот и специфичната начин на наградување, зборуваат во корист на организацијата и содржината на натпреварот. Идејата на организаторите од самиот почеток беше натпреварот да стане незаборавно и значајно уметничко и општествено искуство.