Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 1.644 лица, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информации од владејачката хунта во Мјанмар.
Најмалку 139 лица се водат како исчезнати. Повредените се 3.408. Овие бројки се очекува да се зголемат.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во Мјанмар, особено во најголемите погодени градови – Мандалеј и главниот град Нејпидо.
Спасувачки екипи и опрема веќе пристигнаа од други земји. Но, овој процес е отежнат поради штетите што земјотресот ги предизвика на аеродромската инфраструктура на двата града.












