ТЕРА

REKLAMA???

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ И НА МАГИСТРИ ВО 2022 ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

Минатата година 197 лица во земјава се стекнале со звање доктор на науки, што е намалување за два проценти во споредба со 2021 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Најголем број од нив докторирале во здравство и социјална заштита – 31,0 проценти, 17,8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10,2 отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9,1 проценти во уметноста и хуманистичките, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Лани докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 50,3 проценти од вкупниот број лица што докторирале во 2022 година.Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 %, ја вршат својата професија во
дејностите на здравствената и социјалната заштита.

Звање магистер на науки и специјалист, пак, во 2022 година стекнале 1883 лица, од кои 1590 или 84.4 проценти се магистри и 293 или 15,6 проценти се специјалисти. Во споредба со 2021 година, наведува ДЗС, бројот на магистри и специјалисти е намален за 4,7 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61,3 проценти.

Најголем број од магистерските трудови лани, 611 или 38,4 отсто, биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18,5 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото. Потоа следуваат општествените науки со 15,1 отсто, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.