ТЕРА

REKLAMA???

Напладне почнува блокада на товарниот сообраќај и на Меџитлија – камионските превозници ќе ги блокираат сите гранични премини

Превозниците од денеска во 12 часот ќе ги блокираат сите гранични премини во државата. Блокадата следи по одлуката на Европската комисија од април на превозниците кои со камиони превезуваат производи и стока да им биде дозволен престој во земјите во Шенген зоната само 90 дена.

Според најавата поднесена до Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне на 26 јануари во 12:00 часот и ќе се одвива на голем број гранични премини со соседните земји, меѓу кои:
Меџитлија
Деве Баир
Делчево
Ново Село
Дојран
Богородица
Ќафасан
Блаце
Блате
Табановце/Прешево ќе биде затворен од српската страна

Товарниот сообраќај ќе биде ограничен или целосно стопиран, додека патнички возила и возила за јавен превоз ќе минуваат непречено.
Превозниците, организирани преку асоцијацијата „Макам-транс“ и со поддршка од слични организации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, го организираат протестот заради незадоволство од новиот систем за влез и излез (EES) што се применува во земјите од Шенген-зоната. Според нив, како професионални возачи од земји надвор од ЕУ, тие ќе бидат третирани исто како туристи и им е дозволено да остануваат во зоната најмногу 90 дена во период од 180 дена, што, според превозниците, сериозно го ограничува нивното работење и создава ризик за синџирите на снабдување.

Организаторите соопштуваат дека блокадите ќе се фокусираат само на товарниот сообраќај, а возила кои превезуваат животни, лекови, експлозиви и други исклучоци ќе бидат пропуштани, со цел да се минимизираат ризиците по јавниот интерес.