ТЕРА

REKLAMA???

НАСЕЛБАТА КАРПОШ ДОБИ ДЕТСКИ ПАРК, ВО ПОДГОТОВКА СЕ УШТЕ ДВА НОВИ

На голема радост на најмладите, во општина Битола, се работи на создавање нови детски катчиња за игра и рекреација, велат од Општина Битола.

„Завршени се работните активности во населбата Карпош, веќе се работи на новиот парк кај ОУ Климент Охридски, а идната недела планирано е да започне уредувањето на детскиот парк и во Долно Оризари“ информираат од општината.

Проектот во вредност од 4.600.000 денари го реализира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој.