ТЕРА

REKLAMA???

НАСКОРО ЌЕ ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АВТОКАМПОТ „ЛИВАДИШТЕ“

Управителот на „ЕСМ Молика“ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид  и технички прием на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга.

Во соработка со изведувачот на работните активности утврдено е дека проектот се наоѓа во завршна фаза, а целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец.

Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски посетители, овозможувајќи модерни и обновени услови за престој и одмор, соопштија од „ЕСМ Молика“.