Неверојатна бројка од 5000 танчери, се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој до 17 октомври се одржува во Скопје – IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, претставници од 35 држави, се натпреваруваат во духот на хип хоп културата.
До крајот на шампионатот ќе настапат танчери од следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.
Првенството е вистински спектакл на енергија, креативност и танцови вештини, што ќе придонесе за позитивен дух и меѓународен престиж за нашата држава. Македонија уште еднаш покажува дека може да организира настани од светски калибар и да биде еден од клучните играчи во светот на уметноста. Ова е настан кој не само што претставува одлична можност за промоција на нашата култура и традиција пред меѓународната публика, туку и силен поттик за развој на танцовата индустрија во Македонија.












