Јавната установа Национален парк Пелистер Битола годинава даде поддршка преку промоција на карневалот во битолското село Цапари, настан што има вековна традиција.
Од НП Пелистер најавуваат уште поголема директна поддршка за карневалот во иднина, во делот на организацијата, со единствена цел да се привлечат што поголем број на посетители.
За потсетување на карневалот „Бабари-Цапари 2026“ имаше повеќе од 70 учесници под маски. Настанот според организаторите привлече околу 1000 присутни.

Карневалот започна од центарот на селото со неколку маски и заедно со музиката се формираше поворка која се движеше низ селото.
Како што бабарите се движеа низ селото така им се приклучуваа и други маскирани лица.
На карневалот според обичаите се посетуваат домовите на жителите на Цапари за да се избркаат злите духови и да се посака среќна и бериќетна нова година.












