ТЕРА

REKLAMA???

НАЈЖЕСТОКИТЕ БОРБИ СЕ ВОДАТ КАЈ БАХМУТ

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека најжестоките борби со руските војници се уште се водат кај Бахмут и Маринка, на истокот на Украина.

Се наведува дека руските сили се обидуваат да нападнат на правецот Бахмут, а борбите продолжуваат во градот, пренесува Униан.

Во правец на Авдијивка, руската офанзива во областите на населбите Северноје и Первомајское не беше успешна, додаваат од украинскиот Генералштаб.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, продолжуваат нападите на руските сили врз Маринка.

Повеќе од 20 000 руски војници се убиени, а над 80 000 се ранети во изминатите пет месеци во борбите во Украина, што е драстично зголемување на и онака големите загуби на Москва, проценуваат американските разузнавачки служби, пренесува „Гардијан“. 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, како што наведува „Гаридијан“, не изнел детали за тоа како САД дошле до бројките.