Ниту едно прашање, ниту едно барање за појаснување, ниту извесен предлог, буквално ништо, само презентација. И ова вака не е само на комисијата за безбеност. Слична е ситуацијата и на други комисии, читање, гласање, читање гласање. Најсилни и најаки се советниците на комисијата за финансии. Но, да се вратиме на таа за безбедност, каде претседавачот ја отвори и го покани претставникот на полицијата да го презентира извештајот.
Поволна и стабилна била безбедносната состојба во Битола во првите шест месеци од 2024 година, рече Влатко Атанасовски, командир на полициската станица по опшшта надлежност -Битола на седницата на Комисијата за безбедност, неколку дена пред пленарната седница.
Вели дека не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир во поголем обем, а јавните собири не предизвикале безбедносни импликации. Најзастапени прекршоци биле физичките напади.

„Сторени се 111 прекршоци од областа на јавниот ред и мир, од вкупно 127 сторители. Поднесени се 109 барања за поведување прекршочна постапка. Најзастапени прекршоци се физички напади 35, учество во тепачки 6, оддавање на пијанство на јавно место, фрлање и кршење на разни предмети, омаловажување на полициски службеници“ рече командирот Атанасовски.

Овде вели тој, битен елемент е што немаат сторители кои што се под 16 години. Во првите шест месеци пријавени биле 96 тешки кражби, во однос на 99 колку што имало во претходното полугодие.
Кражби биле 19, со 20, ова е споредбено со претходен период и едно разбојништво, а претходно имало пет. Зборуваше и за битката против дрогата.
„Лишебни од слобода се 58 лица, а на едно лице му е изречена мерка притвор“ кажа тој.
Има зголемување на бројот на сообраќајните незгоди споредено со минатата година. 19,32 проценти е зголемувањето.
„Од нив 74 сообраќајни незгоди се со потешки последици, а 31 е со материјална штета. Во истите животот го загубиле 4 лица, а 70 лица се здобиле со телесни повреди, од кои 16 со тешки телесни повреди и 54 со лесни телесни повреди. Поголемиот број сообраќајни незгоди се случиле во населени места, а 29 се на отворен пат“ рече Атанасовски.

Поденесени биле 2068 барања за поведување на прекршочна постапка, издадени се 4252 прекршочни платни налози, од кои наплатени биле 2564.
„Исто така се преземаат мерки на превентивен план. Контролирани се 16.602 возачи и возила, од кои исклуени се 221 возило и 952 возачи, поради неисправност на возилата и непочитување на сообраќајните правила и прописи. Вкупно алкотестирани се 5025 возачи, од кои 239 покажале знаци на алкохолозираност“ соопшти тој.
Атанасовски зборуваше и за превентивни мерки и акции кои ги преземаат со цел подобрување на вкупната состојба во грдот. Пред летната сезона имале средба и со угостителите и им укажале дека не смеат да служат малолетни лица со алкхолни пијалоци, оти тоа е кривично дела и да бидат присутни во објектите после 24 часот, што е прекршок, а и на потребата од почитување на законот за бучава.
Никој немаше никакво прашање, со четири гласа за беше усвоен извештајот на комисиската расправа.

На пленарната седницата откако известителот ја прочита реченицата, односно како гласи точката и кажа како се гласаше, беше отворен претрес и никој не побара збор, па се премина на гласање. И сите кренаа рака, едногласни за овој извештај.












