ТЕРА

REKLAMA???

НА НЕЗАВИСНИТЕ ЌЕ ИМ ТРЕБААТ НАЈМАЛКУ 800 ПОТПИСИ ЗА ИЗБОРНА ТРКА

Невладини организации со критики дека власта и опозицијата повторно здружено направија нови измени на Изборниот законик со кои се оневозможува на граѓанските иницијативи да учествуваат на изборите.

Уставниот суд на 20 мај ги укина измените кои пратениците ги донесоа во март 2024 година, со кои се крена прагот на потребни потписи за независните кандидати и листи да учествуваат на избори на 1 процент од вкупно запишаните избирачи во изборната единица.

Но, велат дека сега повторно по скратена постапка во Собранието е поднесен предлог-закон за измена и дополнување на Изборниот законик со кој прагот прагот за потребни потписи се зголемува.

Со Законот кој е во собраниска процедура се зголемува бројот на потписи потребни за независните кандидатски листи да учествуваат на избори и како што велат  на некои места за дури три и пол пати повеќе од одредбите кои важеа за време на локалните избори во 2021 година.

Со измени на Изборниот законик се предвидува:

– во општината до 10.000 избирачи најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 10.001 до 20.000 избирачи најмалку 200 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 20.001 до 30.000 избирачи најмалку 300 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 30.001 до 40.000 избирачи најмалку 400 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 40.001 до 50.000 избирачи најмалку 500 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 50.001 до 60.000 избирачи најмалку 600 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 60.001 до 70.000 избирачи најмалку 700 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 70.001 до 80.000 избирачи најмалку 800 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината од 80.001 до 90.000 избирачи најмалку 900 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во општината над 90.001 избирачи најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината.

– во градот Скопје најмалку 3.500 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на подрачјето на градот Скопје.

Ако на последните парламентарни избори електоратот во Општина Битола беше над 75 илјади гласачи, со измените на законот, на независните кандидати за градоначалници и советнички листи ќе има бидат потребни најмалку 800 потписи за да влезат во изборната трка.