На плоштадот „Цар Самоил“ во Ресен, со голем василичарски оган и печиво со паричка традиционално како и секоја година се одбележа Стара Нова Година – Василица.
„Честитки за Ивана Темелко која беше најсреќна и ја пронајде паричката. Во годината која што следи неа како и на сите други сограѓани нека ги прати среќа, здравје и бериќет. За многу години!“-објави градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски.















