ТЕРА

REKLAMA???

НА ПРВИОТ УПИСЕН РОК ПОВЕЌЕ ПРИЈАВЕНИ ОД ЛАНИ ЗА СТУДЕНТСКИ ИНДЕКС

Денеска заврши првиот уписен рок за пријавување студенти на прв циклус студии на битолскиот унивезитет „Св. Климент Охридски“.

Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што  успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми.

Ланската година во првиот уписен рок биле пријавени 857, а годинава 864 идни бруцоши.

На Техничкиот факултет во Битола од вкупно 350 слободни места, на првиот упис се пријавиле 111.

На Факултетот за информатички и комуникациски студии во Битола од 300 предвидени места, на првиот уписен рок се пријавиле 100.

На Техношошко-техничкиот факултет во Велес за 100 места се пријавиле 16 студенти.

На Економскиот факултет во Прилеп за 217 места се пријавиле 81.

На Факултетот за угостителство и туризам во Охрид за 256 места се пријавиле 124.

На Педагошкиот факултет во Битола за 230 места се пријавиле 89.

На Факултетот за безбедност во Скопје за 270 места се пријавиле 162 идни бруцоши.

На Правниот факултет во Кичево за 215 места се пријавиле 70.

На Факултетот за биотехнички науки во Битола за 125 места се пријавиле 31 кандидат.

На Ветеринарнот факултет за предидените 45 места се пријавиле 8 идни студенти.

И на Високата медицинска школа за 210 места се пријавиле 72.

Оние кои не се запишаа во првиот уписен рок имаат шанса тоа да го направат на следните уште два уписни рока.