ТЕРА

REKLAMA???

НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ СЕ ЗБОРУВАШЕ И ЗА ОГРЕВНОТО ДРВО

Собранието на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Крсте Белевски на својата седница ги усвои извештаите за работа и активностите за 2022 година. Белевски во своето излагање истакна дека поголем број пензионери активно учествуваат во разни спроведени активности за донирање  средства и помош на пензионери со ниски примања, како и во другите манифестации кои ова Здружение успешно ги спроведуваше на ниво на општина и на држава.

На состанокот пензионерите беа запознати и со мерките што ги презема Здружението на пензионери со обезбедување на огревни дрва за што наскоро ќе биде организоран состанок со операторите, односно превозниците за со нив да бидат склучени договори за навремно добивање на запишаните количини огревни дрва. На состанокот, претседателот  на Собранието Белевски одржа средба со претседателите на месните ограноци за поуспешно да биде организирано запишувањето на огревните дрва. 

Беше донесена и одлука за претставници во Собранието во Сојузот на пензионери на Макодонија да бидат предложени претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Белевски.