Во вчерашното Актуел интервју на Тера телевизија со ректорот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. Д-р Игор Неделковски разговаравме за пораките кои беа испратени од неколку дневното одбележување на денот на основањето на универзитетот.

„Клучните пораки беа дека универзитетот е многу ценет. Да не звучам и нескромно еден од најквалитетините партнери во Колорс алијансата. На настаните беше присутна претседателката на Колор Алијансата и директорката на Колорс алијансата и еден службеник за контрола на квалитет и од нивниот напис на Линкедин мрежата сите се фасциниравме колку високо го оценија УКЛО после една година активности во Колорс алијансата здружен со уште осум европски универзитети и какви пофални зборови дадоа. Ова посебно не израдува, бидејќи да добиете потврда од таква престижна институција е навистина задоволство.
Друга порака која што беше резултат на овие три дена е дека универзитетот мора да е во заедницата. Присуството на толкав број средношколци, фирми, невладини организации на активностите во овие три дена само ни кажува дека универзитетот мора уште повеќе да е отворен на заедницата. Сите активности да не бидат академски изолирани, туку со учество на различни фактори од околината во која што делуваме“ вели ректорот Неделковски.

Со него разговаравме и за тоа што за студените значи Колорс алијансата, за уписната политика за новата академска година и спроведените реформи.












