ТЕРА

REKLAMA???

НЕЗАВИСНИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА ИЗБОРИТЕ

За утре во 11:00 часот е закажана седница на Собранието е единствена точка на дневен ред Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.

Предлагачи се група пратеници, а едната од измените се електронските медиуми при што во членот 2 став 1 по точка 26 се додава нова точка 26-а која гласи:

„Електронски медиуми (интернет портали)“ се онлајн медиуми – интернет портали кои се регистрирани во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми -интернет портали кој го води надлежно регулаторно тело.“

По членот 60 се додаваат два нови наслови и два нови члена 60-а и 60-б, кои гласат:

„Подносител на листа на кандидати за пратеници со собрани потписи

Член 60-а

(1) Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица.

(2) Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.

Подносител на листа на кандидати за членови на совет и градоначалник со
собрани потписи

Член 60-б

Кога подносител на листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, е потребно да се соберат најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје.

Со ова сега се предлага независните кандидати место со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една Изборна единица како што стоеше во Изборниот законик, а што беше укинато од страна на Уставниот суд, сега да можат за избори да се кандидираат со 0,95 % од вкупно запишаните во една Изборна единица за парламентарни избори, односно во општината за локални избори.