Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола повика на разговор пет лица од селата Вашарејца и Лознани
Во соопштението од полицијата се вели дека против едно лице ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон,односно “предизвикување општа опасност”.












