ТЕРА

REKLAMA???

НЕМА СПАС ОД РЕКЛАМИТЕ НА YOUTUBE

Премиум корисниците се жалат: YouTube сè уште прикажува реклами, за што се работи?

Корисниците кои плаќаат YouTube Premium очекуваат искуство без реклами, но сега се соочуваат со спротивното.

Имено, неколку корисници пријавиле дека, без оглед на претплатата, сè уште се изложени на реклами, што е во спротивност со основните бенефити на оваа услуга. Ова не е првпат корисниците да се жалат на прикажување реклами, бидејќи еден корисник пријавил дека видел реклама за YouTube Playbles.

На Reddit, еден Премиум корисник споделил снимка од мобилната апликација каде што добил реклама за Google Workspace, што не би требало да се случува. Портпаролот на компанијата Google изјавил за Android Authority дека Премиум корисниците не би требало да гледаат реклами во својот почетен feed, и дека се истражува зошто се случува ова. Корисниците исто така се советувани да контактираат со корисничката поддршка во вакви случаи.

Според YouTube страницата за поддршка, YouTube Premium би требало да ги отстрани рекламите пред и за време на видеата, како и банерите на трети страни или реклами при пребарувањето. Овие бенефити би требало да се применуваат на сите платформи и уреди. Сепак, предупредуваат дека сè уште се можни брендови или промоции во самата содржина, како и промотивни линкови или функционалности кои ги додава креаторот.

На основа на снимките од екранот кои корисниците ги споделиле, изгледа дека рекламите кои ги виделе не спаѓаат во овие исклучоци, што укажува на можен проблем во начинот на кој YouTube го имплементира својот Премиум сервис.