Немил настан се случил во Битола, откако кучиња скитници нападнале двегодишно дете и тешко го повредиле.
“На 6.2.2026 година во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола. Според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, детето било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.


Кучињата скитници можат да се забележат во сите делови на Битола. Најчесто кучињата не се проблематични, но, за жал граѓани сведочат и за изолирани немили ситуации кои завршиле со каснување од куче. Присуството на улични кучиња може да се забележи на следните фотографии направени деновиве во населбата Карпош, населбата Стара Болница и во околината на маркетите во поранешната касарна во Битола.












