„Коњановски ја имал и ја има апсолутната поддршка и од граѓаните и од партијата“ вели престедателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола и пратеник, Пеце Милевски, за изборот Коњановски да биде кандидат за втор градоначалнички мандат.

Тој потсетува и на неговото интервју од пред повеќе месеци, во кое зборуваше за апсолутната поддршка за битолскиот градоначалник.
„Поддршката е максимална од граѓаните и тоа е очигледно и самите анкети тоа го покажуваат, јавното мислење, но веројатно граѓаните препознаваат дека Тони Коњановски си е посветен во својата работа, остана приземен, близок со граѓаните, да се соочи со предизвиците кои што ги имавме во овие четири години како локална самоуправа предводена од Тони Коњановски, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата заедно со нас, така што реализацијата многубројните проекти, финансиската реализацаија на буџетите кои што изминатите гидини беа предвидени, така што продолжуваме со голема победа на изборите кои што следуваат и реализација на уште повеќе проекти заграѓаните на Општина Битола и подобрувае на условите во кои што живееме, а секако прокти им амногу“ вели Милевски.
Вели дека не сака да коментира за имиња кај политичките противници со кои тие ќе истрчаат на изборите. За СДСМ вели дека имаат уште многу работа која што треба да си ја завршат, внатрешните реформи и промените кои што треба да им случат.
Милевски најавува уште една победа на изборите.












