Денеска во работна посета на Битола потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Оствари средба со градоначалникот Коњановски на која што го информираше за проектите на локалната самоуправа. Градоначалникот рече дека и годинава во континуитет ќе продолжат со работа, односно уште кога ги реализирале проектите за минатата година, работеле на новата програма за годинава.

„Во текот кога ги изработувавме проектите од минатата година, паралелно се работеа проекти за оваа година, значи преку 65 проекти се веќе готови во вредност тоа го спомнав веќе од 1 милијарда денари. Но она кое конкретно го презентираме, тоа се ќе започнам во делот на инфраструктурата преку 40 улици кои планираме да се изработат и тоа најголемиот дел со комплетна инфраструктура. Значи во делот на тој економски развој, тоа е некоја вредност од некои 7.2 милиони евра, обемна активност. Освен во делот на инфраструктурата, едно од поголемите проекти се индустриска улица која е клучна можеби дестинација која ќе биде заобиколница за градот, нова.Потоа продолжуваме со работите на инфраструктурата и на дооформувањето на паркот, површината на паркот, готово е идејното решение и проектот се изработува за противпожарната, зградата за противпожарна заштита, со прифатилиште за бездомни животни, дел го решаваме проблемот, граѓаните се веќе сведоци дека пополека сигурно имаме веќе склучено со оператор, меѓутоа продолжуваат работите со подобрување на временски услови и на изготвувањето да речам, дооформувањето прво на надворешниот дел, меѓутоа и на самиот објект на самото прифатилиште, голем проект велам кој општина Битола се надевам дека во идните години, не веднаш ќе може да ги реши проблемот.Идејното решение за спортскиот комплекс го имаме. Тоа е голем проект кој чини многу, за тоа ќе се потребни дополнителни средства, бараме начин, еве се консултираме заедно и со луѓе кои добро ги разбираат финансиите, како ќе оди тој проект.Велам обемна една програма која нема да запреме. Сега бевме на увид на дел од активностите кои се завршени и кои ги изготвивме, дел се уште во доработка и не се дооформени, така да не чека многу работа“, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Битола ќе е општина која што ќе има најголем буџет за капитални инвестиции во цела држава, рече потпретседателот Николоски.
„Ова ќе е една година на развој и можам слободно да кажам прва година во која што градоначалникот заедно со Советот, заедно со тимот во Општината, заедно со јавните претпријатија можеше целосно да ја креира согласно неговата програма. Затоа што претходната година нели веќе беше година кога беше донесен и Буџетот од страна на неговите претходници. А, ова е прва година која што целосно ќе биде според Програмата и според приоритетите на Тони Коњановски и неговиот тим.Можам да кажам дека одлични работи се случуваат во Битола, не затоа што сме во Битола, но дефинитивно Битола ќе е општина која што ќе има најголем Буџет за капитални инвестиции во цела Македонија. Далеку е пред сите останати општини вклучувајќи ги и скопските општини и тоа е за поздравување и за честитки.Она што е особено значајно е затоа што е во делот на инфраструктура, тоа најмногу им треба на граѓаните. И тоа го забрзува локалниот економски развој затоа што најчесто работат луѓе кои што се од тука, од регионот и на тој начин можат да се вработат луѓе, да приходуваат и да се подобри животниот стандард.Ја спомена градоначалникот обиколницата на Битола, тука се и останатите инфраструктурни проекти, а во однос на спортскиот комплекс јас го видов Планот, навистина изгледа добро и можам да ветам дека Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да се исфинансира затоа што се работи за голем проект кој што ги надминува можностите на Буџетот на Општина Битола. И можам слободно да кажам дека ова ќе е една од заложбите на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.
Го прашавме за обвинувањата од страна на СДСМ за како што велат дека дополнителен удар врз стандардот на граѓаните предизвикаа општините Гевгелија Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Радовиш со драстично зголемување на цените на комуналните услуги.
„Приморани се општините да купуваат електрична енергија на берза, цените се драстично високи. За минатгата година се сеќавам кога бевме тука во Офицерски дом во Битола кога пресметавме дека Општина Битола ќе изгуби само за една година два и пол милиони евра со коишто можат да се направат неколку големи инфраструктурни проекти и тие два и пол милиони евра општината ги изгуби затоа што ги даде на трговците за струја, затоа што владата не е способна да се произведе струјата дома. Во такви услови кога нема никаква помош од владата, кога цената на електрична енергија е таква каква што е, за жал општините немаат друг начин за да можат да преживеат и сервисираат услугите кон граѓаните. Доколку има паметен пристап од владата, што ќе е пристап на идната влада, тогаш ова ќе се изрегулира и цените на комуналните услуги ќе се намалуваат“, рече Николоски.
Градоначалникот го информираше Николоски и за остварените средби со стопанствениците од градот и ја потенцираше соработката со Регионалната стопанска комора. Кажа дека до крајот на април ќе биде пуштен во употреба ГИС системот каде што граѓаните ќе можат да добијат комплетна електронска обработка на сите податоци за кои ќе аплицираат.












