ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ ЗАДОВОЛЕН ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО 4-ТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на Прилеп, каде заедно со градоначалникот Борче Јовчески посетија неколку локации каде што има градежни активности.

„Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп.

Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар“ рече Николоски.

Градоначалникот Јовчески рече дека се асфалтираат улици, се реконструира старата водоводна мрежа се со цел градот да биде поубав и попристапен.

„Се работи за увид на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ каде во понеделник треба да се започне со реконструкција. Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3000 метри квадратни. Инвестиција во вредност од околу 25 милиони денари.

Исто така градежните активности се во тек на улицата „Киро Пајмакоски“, паралелно се работи и на асфалтирање на улицата „Браќа Ламески“ како и крак на улицата „Јоска Јорданоски“.

Вкупната должина на овие улици кои ќе бидат асфалтирани изнесува 400 метри, а нивната површина е околу 2000 метри квадратни.

Исто така деновиве ќе се започни со асфалтирање и во населбата Тризла. Се работи за улицата „Дабнички Завој“ со вкупна должина од 300 метри.

За овие градежни активности Општина Прилеп има обезбедено средства во висина од 7.000.000 денари.

Локалната самоуправа e веќе во завршна фаза на потпишување на договор за одржување и рехабилитација на улиците за во наредниве неколку месеци, што подразбира гребење и нанесување нов слој на асфалт, а тој договор опфаќа вкупна површина на улици од околу 12.000 метри квадратни со вредност од 15.000.000 денари“ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.