ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: ОПШТИНИТЕ БАРААТ НАЧИН ДА ГИ НАМАЛАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА

Потпретседателот Александар Николоски за темата со струјата и општините вели дека општините не манипулираат туку тие бараат најдомаќински начин да ја намалат цената на електричната енергија која е поскапена поради како што рече Бислимовски, Бектеши, Ковачевски и Заев.

„Во однос на општините, општините барат најдомаќински можни начини да ги намалат сметките за струја, тие не се виновни и нас ни е јасно, тие сметки за струја пак ги плаќаат граѓаните, затоа што општините функционираат на начин што прибираат даноци од граѓаните и после тие средства ги трошат. Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија која што е поскапа не заради општините, туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев кој што за две години произведоа еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Сега во такви услови општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се растурикуќи, како што се овие претходните, се обидуваат да заштедат и тоа не им чини на овие од Владата, од причина кои се главни увозници на струја во Македонија се блиски на Владата. Општините доколку се на таканаречен нерегулиран пазар увезуваат струја надвор од државата односно не трошат од домашните капацитети туку увезуваат струја како да се претпријатија, таа струја ја плаќаат по берзанска цена и ја плаќаат на дистрибутери, односно на компании кои ја носат, кој што се блиски на актуелната власт,  вели Николоски.