Битола како град е свесна на проблемот во последните 9 години – секоја година се помал е бројот првачиња и се помал. Една од причините може да се лоцира во намалениот наталитет, а и во браковите и вонбрачните заедници без деца. Во продолжение статистиката што ја објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, во април, мај и јуни во битола живородени се 170 деца. Од тоа во графата за починати се впишани 4 доенчиња. Вкупно во градот починале 258 лица ( доенчињата вклучени) што го прави природниот прираст негативен – минус 88 што подразбира дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на починатите лица.
Во градов склучени се 105 бракови, 6 се разведени.
Слични се податоците на ниво на цела држава. Во второто тримесечие живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %.

Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2 533 бракови, што претставува намалување за 22.6 % во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови на ниво на држава.
Податоците пак од пописот во 2021 година укажуваат дека во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 31 % се брачни парови кои живеат без деца.












