ТЕРА

REKLAMA???

„НИСКОГРАДБА“ ВИКЕНДОВ ЧИСТЕШЕ

И битолска „Нискоградба“ се вклучи во тридневната акција „Генералка викенд“. Со својата механизација чистеше депонии на територијата на Општина Битола.

Ова е една од најмасовните акции во државата, која се реализира веќе 5-та година по ред, со единствена цел, да се обезбеди здрава животна средина и да се подигне свеста за зачувување на природата и нејзината заштита, претходно рекоа од Општина Битола во информацијата за акцијата во која беа вклучени и јавните претпријатија.

Фото: ЈП „Нискоградба“ Битола