ТЕРА

REKLAMA???

„НИСКОГРАДБА“ ГИ ОБЈАСНИ ИНТЕРВЕНЦИИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ТЕРЕН

По вчерашната прес конференција на СДСМ, каде битолска „Нискоградба“ беше обвинета дека ништо не работела, денеска директорот на ова јавно претпријатие Зоран Талевски, реагираше и објасни што и како се работи. Тој вели дека асфалтната маса и временските услови прават ограничени можности за интервенција.

„Сакаме да ги информираме граѓаните за почетокот на градежната сезона од 16.03.2025 година до денес дека претпријатието посветено работело на следните објекти: изградба на атмосферска канализација Брусничко-лавчански регион со должина од 405 метри, исчистени се 370 сливници и 23 решетки, изградба на атмосферска канализација СРУ 5 со должина од 120 метри, интервенирано е со ладна асфалтна маса од 10 тони за изминатиот период или се санирани дупки од 70 метри квадратни.

Исто така се санирани и прекопи од јавното претпријатие „Водовод“ со вкупна површина од 220 метри квадратни. Работено е и на уривање на диви објекти и отстранет е градежен шут со вкупна количина од околу 500 метри кубни. Се работи исто така и на стабилизација на коловозот на локален пат за село Брусник, со камена коцка со вкупна површина од 500 метри квадратни.

После зимската служба каде што беа искористени 400 тони сол и 300 метри кубни ризла нормално е коловозите во Битола да бидат во лоша состојба. „Нискоградба“ во неделата која следува ќе изврши санација на ударните дупки во централното градско подрачје, нормално доколку временските услови го дозволуваат тоа“ рече директорот Талевски.

Тој апелираше до граѓаните на Општина Битола за разбирање заради самиот процес на работа околу санацијата на ударните дупки што е поврзано со временските услови.

„Асфалтот го набавуваме на тендер, работиме мали количини од 20-30 тони дневно кои мора да ги аплицираме, односно да ги поставиме во рок од 5 до 6 часа, доколку временските услови се ладни, тоа ние не можеме да го правиме, бидејќи таа асфалтна маса се лади и станува неупотреблива, од тие причини сме ограничени во интервенирањето заради временските услови. И второ асфалтните бази за толку мала количина не почнуваат со работа, односно ние чекаме асфалтните бази да обезбедат поголема работа, односно поголема количина на асфалтна маса која ќе ја произведат и тогаш ние да добиеме материјал со кој што можеме да работиме. Значи се работи за ограничени можности, немаме материјал кој што може секогаш и во секој момент да го набавиме од пазарот“ рече тој.

Кажа и дека денеска екипите на „Нискоградба“ работат во Брусничко-лавчанскиот регион 4, работат на атмосферска канализација, во Брусник работат на редење на коцка заради стабилизација на коловозот, прават приклучок на Охридска, го завршуваат приклучокот на основното музичко училиште на булеварот бидејќи имаа проблеми и имало неподносливи услови за работа во самото училиште, а исто така една екипа работи на подигнување на градежен шут диво одложен од граѓаните покрај контејнерите на територија на Општина Битола. И една екипа која работи на остранување на дефекти во канализационата мрежа и таа се вика група за ситни интервенции.