После 40 години во “Сточен Пазар”- Битола, заменета е старата, дотраена и нефункционална вага со нова, електронска, современа вага, информираат од ЈП Пазари.
Вагата беше ставена во функција денеска, така што сите сточари на денешниот пазарен ден можеа да ја користат за да ја мерат донесената стока.
„Секогаш во служба на нашите закупци!!“, велат од ЈП Пазари.















