Во камерната сала на Македонската филхармонија се одржа свечен концерт по повод 175 години од смртта на Фредерик Шопен. На концертот беа изведени дела од современи жени, композиторки кои напишале композиции во чест на големиот Шопен. Државното музичко училиште учествуваше на овој несекојдневен настан со настапите на ученичките Софија Михајловска од класата на проф. Маја Божиновска и Анастасија Петреска од класата на проф. Татјана Божиновска.

На натпреварот „Франц Лист“ во Гротамаре, Италија, учениците од ова училиште освоија значајни награди:
Бојана Бошкова — 1 награда
Искра Василевска — 3 награда
Ангела Стојановска — 2 награда
Тамара Василевска — 3 награда
Изабела Ѓеоргиев — 2 награда
Јане Петровски — 2 награда
Теона Буџаковска — 1 награда
Фотина Наумоска — 3 награда
Марко Буџаковски — 1 награда, Гран при, и специјалната „Тарга“ од организаторот на натпреварот.
Дипломите ги додели Проф.Илија Настовски, член на жири комисијата на натпреварот. Тој ја нагласи благодарноста на учениците од ДМУ за учеството на натпреварот и најави идни плодни соработки.












