ТЕРА

REKLAMA???

НОВ СТАТУТ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПСК ПЕЛИСТЕР

Денеска битолските советници едногласни за да биде ставена како точка на дневен ред: Одлука за одобрување на барање на финансиска поддршка и доделување на финансиски средства на ПСК „Пелистер“ за програмски активности создавање на услови за одобрување на планинарски и скијачки спортови. Планинарско спортскиот клуб „Пелистер“ направи промена на статутот дека во случај на престанок на Здружението целиот нивни имот ќе припадне на Општина Битола.

„ Во текот на денешниот ден до мене стигна барање од Комисијата за евалуација при Општина Битола. И нова точка на дневен ред ќе биде: Одлука за одобрување на барање на финансиска поддршка и доделување на финансиски средства на ПСК Пелистер за програмски активности создавање на услови за одобрување на планинарски и скијачки спортови. Знаеме сите дека во програмата за млади и спорт имавме ставка во која имавме предвидено 4 милиони денари наменети за ваков вид на здруженија. До мене стигна потпишан записник од комисијата, меѓутоа сметам дека точката треба да биде на дневен ред и треба да биде помината, бидејќи има еден многу важен дел од самото барање кое стигнало до Општина Битола, а тоа е измената на статутот на ПСК Пелистер. За ПСК Пелистер Битола на собрание на здружението изврши промена на статутот на здружението и во член 58 од статутот на здружението определи дека во случај на престанок на работењето на здружението, целиот негов имот ќе припадне на Општина Битола. Вака извршената промена е имплементирана во централен регистар на Македонија“, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.