ЈКП „Водовод“-Битола, ги известува своите корисници од ул. Васко Каранѓелевски, хотел Битола, Горниот Пазар и зградите Декорпод дека водоснабдувањето е нормализирано.
Од „Водовод“ велат дека навремено од раните утрински часови е излезено на терен и е извршена промена на овален затворач Ф-150.
Со овој зафат се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување за нашите корисници, велат од јавното претпријатие.














