ТЕРА

REKLAMA???

НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПО САНАЦИЈАТА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека по извршената санација на водоводната мрежа (челична цевка Ф – 400) на ул. „Кире Костадиновски“, Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато.

Истакнуваат дека екипите беа постојано на терен и активностите околу санацијата се одвиваа во најбрз временски рок.

 

Фото: Илустрација