Завод и Музеј од Битола годинава ќе реализира бројни проекти финансирани од Министерството за култура, но, уште побројни, а и за јавноста поатрактивни ќе бидат проектите кои денеска не прес конференција директорот Зоран Николовски ги наслови вон-програмски.

Осовременување на депоата и вадење на предмети – артефакти кои се извадени од различните слоеви на пелагониската и преспанската почва ( и езерото), продолжување на проектите кои подразбираат инклузивност, подобра промоција и отворање на вратите за туристите, одржуавње на Хераклеа, куќата на Татарчеви, Споменичниот комплекс во Смилево, функционалност на малите музеи посветени на македонски борци, промоција на уметници кои ги оставиле своите дела како сведоштво за животот на територијава пред 50 или 60 години. Оваа институција врши дејствија во пет категории – заштитна, музејска, галериска, издавачка и меѓународна дејност. Во фокусот на раководството од заштитната дејсност е завршувњето на реставрацијата на Јени џамија.

Министерството доделило 5 милиони денари и за Реставрација на зидно сликарство во црква во Градешница, конзервација на фасадното сликарство на црквата Св. Ѓорги во Курбиново, и конзервација и реставрација на црквата во селото Гопеш. Одржувањето на споменичната целина на Хераклеа е константа, со употреба на нови конзерваторски методи, како поставување на алуминиумско саќе ќе биде реставриран и мозаик кој од Хераклеа е изваден во далечната 1974 година, годинава ќе биде изложен пред јавноста. Годинава се планира и промена на хортикултурното решение пред Музејот, заедно со изложување на нови артефакти кои се наоѓаат во депото, ќе се доврши и фасадата на објектот на Заводот и муезј.

Продолжуваат проектите кои се однесуваат на достапноста на музејот за лица со физичка и сензорна попреченост, кадешто битолскиот Завод и Музеј е институција којашто пренесува исксуства кај своите балкански колеги. Продолжува одржуавњето на куќата на татарчеви, музејот во Смилево, дигитализирање и документирање на пр.едметите од етнолошкото депо, археолошките истражуавња и откупот на И во оваа дејност Завод и Музеј годинава планира да ја запознае јавноста со нов артефакт, пронајден во преспанското Езеро. Моноксил.

Во приоритетите на раководството е осовременување на условите на депоата кадешто се чуваат предметите пронајдени на територијата што е нивна надлежност. Вработените пак годинава ќе мора да комплетираат дел од рефератите, особено за оние предмети кои годинава ќе и бидат претставени на јавноста, а биле пронајдени во истражувањата спроведени пред педесетина години.
100.000 денари се одобрени за објавување на музејскиот Зборник во делот издаваштво, 310.000 денари за галериската дејност со најавени изложби.
Меѓународната соработка бележи два проекти – гостивање во Драч со тактилна изложба и обука и реализација на проектот „Арт сее“ – апликацијата за проектот наменет за лицата со аутизам. Ќе има изложби, а вработените пак ќе продолжат со својата едукација, за што Музејот планира средства.












