ТЕРА

REKLAMA???

ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА,МОЖЕ И ПОЧИСТО

Направивме прошетка околу градот. Реакциите на граѓаните дека на секое делче зеленило има сува трева и многу смет се надминати, останува уште сметот од обиколницата над градот кадешто навиките очигледно тешко се менуваат.

Стара облека и обувки, неупотребливи играчки и многу пластична и картонска амбалажа се наоѓа долж обилколницата на Битола – магистралниот пат што го дели Баирот.  Бројните акции за чистење на реонот спроведени од сите досегашни градоначалници и директори на комуналното претпријатие „Комуналец“ не се доволни за промена на лошата навика. И сметот, губриштето не го прават само жителите во околината – има граѓани кои живеат подолу, ама своите непотребни работи ги оставаат овде – можеби во желба некој да ги искористи.

Не треба да се спомене дека ова е еден од летните месеци, дека голем е бројот на туристи кои транзитираат по овој пат упатени кон туристичките места – НП „Пелистер“ или Охридското крајбрежје. Впечатокот многу очигледно е најважен, а од денешната состојба се заклучува дека тој што го чисти просторот веројатно е на одмор.

Во акциите кои се реализираат на одреден временски период, општинските претпријатија чистеле и по 2 тони смет. Пред 5 години Јавното Комунално претпријатие „Комуналец“ вработи работник само за расчистување на работ од обиколницата над најградскиот град во државата.