Утринава најстудено со -12 степени беше на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Берово, Крушево, -4 Дебар, -3 Струмица, Охрид, -2 Прилеп, Претор, Крива Паланка, -1 Битола, Виница, 0 Куманово, Штип, Тетово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 2 Демир Капија, Дојран, Гевгелија.
Најмногу снег од 76 см има на Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 6 Крушево, 3 Ѓуриште.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрово на повеќе места е значително облачно, а делумно намалена облачност има во јужните делови.
Променливо облачно и студено, наместа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Во Битола до 3 степени.












