Облачно со повремени врнежи од дожд

0
186

Облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на  некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне, а врнежите ќе продолжат и во ноќта до утре предпладне. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје исто така облачно и од пладневните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Температурата ќе достигне до 8 степени.

 

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има до утре претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување кое ќе се почуствува особено во вториот ден од викендот.