ТЕРА

REKLAMA???

ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше облачно време со локални врнежи од дожд. По одделни котлини има појава на слаба магла,информираат од УХМР.

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Битола со максимална дневна температура до 16 степени.

Утре во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.