ТЕРА

REKLAMA???

ПСИХОЛОШКОТО СОВЕТУВАЛИШТЕ НА УКЛО ОДРЖА ОБУКА ЗА ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Обука за психо-социјална интервенција во криза во услови на колективна траума одржа денеска психолошкото советувалиште на Универзитетот Св. Климент Охридски. Ваквиот пристап не само што е иницијатива на психолозите кои го водат ова советовалиште од 2019 година, ами, велат од Универзитетот е пример за микроквалификации поврзрани со кризна интервенција и менаџмент, својствена на концептот на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

Сите чувства, емоции кои се јавуваат кај секого не треба да се потиснуваат. Тоа е првиот совет на психолозите за сите македонските граѓани по трагедијата во дискотеката во Кочани.

„Треба да се даде можност на сите да разговараат за ова. Многу е важно луѓето да си го изразат своето мислење, да ги изразат соите емоции, да ги споделат меѓусебно за да видиме дека ние не сме сами, дека луѓево во Кочани не се сами, дека сите сочувствуваме. И, да се уважат сите мислења и емоции кои што се јавуваат сега во оваа ситуација и кои се прилично тешки. Значи да не ги потиснуваме, ако сме тажни да плачеме, тоа е . да не велиме „доста веќе“ и слично ниту пак да се тешиме како што знаеме „ќе биде подобро“ иако во оваа ситуација мислам дека никој и не вели затоа што сите сме во шок. Но, важно е да се разговара. “ – вели професорката Батиќ.

Професионалците кои се повикани да ги детектираат состојбите и излечат пак треба сега да работат на превенција на можните компликации по менталното здравје кои може сега да се јават кај луѓето. Токму за тоа денеска проф.Д-р Гордана Ристевска-Димитровска и проф. Д-р Драгана Батиќ од Психолошкото советовалиште при УКЛО иницираа средба и обука на сите психолози, педагози, социјални работници и членовите на стручните тимови во училиштатат и центрите за социјална работа. Двете секојдневно се директно со студенти.

 

„Сеуште немаме голем одговор бидејќи студентите оваа недела не се на факултетите, има студенти погодени од оваа ситуација , имаме на Универзитет од погодениот регион, така што во оваа недела нема многу индивидуални јавувањаа, но затоа студентите имаат голема потреба да разговараат и да оформат една слика за целата ситуација под водство на професорите, разговараат и меѓу себе и со семејствата, меѓутоа допрва ќе се рабти со студентите.“- рече денеска професорката Гордана Ристевска-Димитровска.

Ова важи и за сите други средини во заедницата. Македонските граѓани се веќе една недела изложени на колективната траума. Битола како град нема директна последица од пожарот во дискотеката во Кочани, но индиректните, кои може да не се препознаат, се многубројни и индивидуални. Оттука е потребно да се работи и групно и индивидуално, како што тоа пошироката заедница веќе го започна во Кочани.

„Таа заедница е многу погодена, губитоците се многу големи, ќе треба многу време, многу работа за да може полека, полека да закрепне не само градот Кочани туку и целиот тој регион. Нема лесни решенија во вакви ужасни ситуации, нема шанса тоа туку-така да се среди. Меѓутоа по долго време заедницата ќе закрепне. Многу се надевам и многу очекувам дека ќе се направат и добри и квалитетни интервенции во кризна ситуација. И тоа треба долгорочнои да се одржува, треба локалните чинители да се јакнат. Луѓето од заедницата треба да се јакнат. Надворешната помош е важна и добредојдена е во овој момент, меѓутоа таа неможе да опстојува на долги патеки, потребно е локалните ресурси да се јакнат, локалните ресурси од ментално здравје. Не мора да се секогаш стручни лица, може и да се луѓе кои се значајни во заедницата кои имаат углед, кои имаат влијание во заедницата – може да се тоа свештеници, може да се тоа инфлуенсери, може да се луѓе кои едноставно се почитувани во заедницата. Ако нив ги обучиме тие ќе може дополнително да даваат помош на долги патеки. На многу фронтови треба да се работи за да може полека да зацели заедницата. “ – објасна проф. Ристевска-Димитровска за тоа што сега по погребот на загинатите се случува во колективниот ум во Кочани.

 

„Навистина сега е многу рано и, тоа што прашувате „како реагираме“ – реагираме нормално на ненормална ситуација , тоа е тоа што се вели во вакви случаи. И би требало и да си дадеме време , на семејствата, дури и ние како психолози, да се вратат, многу е сето ова рано, семејствата првин во својата заедница да се закрепнат; иако колегите веќе се и на терен и сите сакаме да помогнеме во оваа ситуација. “ – вели проф. Батиќ.

Одзивот на оваа иницијатива на професорките Ристевска-Димитровска и Батиќ денеска во Битола го оценија како неочекувано голем, присуствуваа професионалци од сите институции кадешто психо-социјалните интервенции треба да се алатка за работа, така впрочем предвидува и европскиот и светски стандард. Како да се работи со луѓе кои не се директни жртви на катастрофи е нешто што недостига во тренинзите на психолозите, педагозите, социолозите и сите други членови на стручни тимови, па оваа иницијатива на УКЛО се реализира во вистинско време, за сите тие да може да дадат стручна, професионална поддршка на сите кои почнувајќи од 16 овој месец имаат нејасно чувство дека во секојдневието нешто не им е во ред , ќе почувствуваат дека психо-социјалната благосостојба им е нарушена.

 И за состојбата на колективниот ум во Кочани, погледнете во видеото на линкот што Ве носи до YouTube