ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АКУШЕРСТВОТО, ЗАПОЧНАТА НЕДЕЛАТА НА СЕСТРИНСТВОТО

Во Битола се одржа свечена академија по повод Меѓународниот  ден на акушерството и Меѓународната недела на сестринството во организација на Унијата на здруженија на медицински сестри, предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „за нас“. Зад настанот кај нас стои болница Плодност, кадешто 100 медицински сестри се грижат за сите аспекти на медицинскаа грижа за пациентите што секојдневно ги имаат.

Со гости од цела држава, центарот за култура во Битокла денеска беше преполн со медицински сестри , кои , одбележувајќи го меѓународниот ден на сестри акусерки, ја започнаа прославата на меѓународната недела на сестринството во државата. Покровител, меѓу неколку други“ е и болницата „Плодност“ чијашто поддршка на сестринското здружување, солидарност  и застапништво за правата на овие задравствени рабортници беше достојно признаено.

Улогата на сестрите е најважна, со тоа и клучна кога се зборува за негата на пациентите. Сите треба да бидат задоволни, вели Ребека Алексовска, којашто е главна сестра во „Плодност“.  На главнаста сестра се оставени организациските моменти од функционирањето на болниците и во приватнотно и во јавното здравство. Или, сета работа и се.

Инвестицијата во медицинстте сестри – нивната едукација, автономност, обврски и одговороност се дел од инвестирањето во здравата нација. СЗО и годинава ги испрати пораките до раководните органи во државите за регулирањето на состојбите, базирано врз проценката дека до 2030 година на светот ќе му недостигаат 9 милиони медицински сестри од вкупната бројка на здравствени работници на земјината топка што изнесува 27 милиони, вели Гордана Бешлиоска, претседател на Здружението „За нас“. Кај нас состојбата е слична, иако се вработија дел од сестрите кои беа ангажирани со договори на дело, тоа ни оддалеку не подразбира средена и организира сестринска здравствена служба во јавното здравство. Оттука, сеуште се потребни активноси насочени кон системот и активности од синдикалната сфера.

Општина Битола, Универзитетот св. Климент Охридски, болницата „Плодност“, Слободанка Брглевска, Ленче Стојановска, се само дел од тие кои денеска добија благодарници и плакети за својата работа и поддршка на сестринството и здружението на медицински сестри акушерки, техничари, и стоматолошки сестри „За нас“.