По повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме и 106 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт, вчера на Српските воени гробишта во Битола, се одржа церемонија на полагање венци и оддавање почит на загинатите војници.

Во одбележувањето беа вклучени повеќе делегации, а церемонијата во име на Владата на Република Србија, ја предводеа државниот секретар во Министерството за труд, вработување и социјални прашања на Република Србија, Зоран Антиќ, амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ и пратеникот, полковник Небојша Ѓорѓевиќ.

Заедно со српската делегација почит оддаде и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.















