ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА СРПСКОТО ЕДИНСТВО, СЛОБОДА И НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ

По повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме и 106 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт, на Српските воени гробишта во Битола, се одржа церемонија на полагање венци и оддавање почит на загинатите војници.

Од 2020 година Србите низ светот го одбележуваат Денот на српското единство, слобода и национално знаме. Целта на воспоставувањето на празникот е пред се да се зајакне единството меѓу српскиот народ во Србија и Српска, но и да се зајакне култот кон државното знаме.

Македонската српска заедница викендов со неколку настани го одбележа овој празник.

Зоран Жугиќ, претседателот на српската заедница во Македонија вели „Го славиме српското единство и националното знаме, празник востановен од пред неколку годинини во Србија и е планиран да биде околу 15 септември што се поклопува со тие Солунските борби од Првата светска војна, со Кајмакчалан, но ние во еден контекст го ставаме да биде заеднички.“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ги пречека високите гости кои годинава ја сочинуваа делегацијата.

„Како добро домаќини неколку години по ред тука сме да го одбележиме   заедно со претставниците на Република Србија , со почитуваната амбасадорка , тука е специјалниот претставник на претседателот Вучиќ ,претставници од нивниито Генералштаб, да дадеме достојна почит на настаните од Првата светска војна но и да дадеме силна опомена на овој празник кој е значаен за српската заедница , да се пофалиме со добрите односи кои ги имаме со српската заедница овде , со извонредните коректни односи кои ги имаме повеќе години нананзад, со меѓусебната почит, меѓутоа и опомена за сето она што се случико во текот на крвавите настани во Првата светска војна Битола била силно жариште и фронт. “ – рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Амбасадорката на Србија во Македонија вели негувањето на билатералните односи е аманет за идните генерации.

„Ја користам приликата да се заблагодарам на градоначалникот на Битола што ни овозможуваа досега да достоинствено го одбележиме овој празник, уште еднаш од ова место потсетиме на некои славни моменти на наштата историја, нашата заедничка историја , да се постсетиме на славните подвизи на нашите предци и од ова место да испратиме порака за пријателство, братство, единство и да се обврземе дека водени со делата на нашит предци ќе оставиме аманет и за нашите наследници. “ рече Н. Е. Г-ѓа Невена Јовановиќ.

Викендов во Битола беа и претставници на Националниот совет на српската заедница во Македонија, здружението на Срби од Тетово, и здружение од Херцег Нови. Предраг Вујновиќ. претседател на Српско здружение од ХерцегНови вели тие оделе  секаде кадешто се одвивале настани значајни за историјата на Србите, викендов беа и на Кајмакчалан.   На Српските воени гробишта беа во народна носија.

„Да ова е народна носија на србите од црна гора и кога ќе погледнет, на нас е српското знаме. црвен џамадан, сини пантолони, бели опинци, тоа е тробојката. црната капа е жал за Косово. “ – ни рече тој.

На Кајмакчалан кај спомен-обележјето  на д-р Рајс се одржа уште едно големо чествување, со изложба и музика од гуслар. Учесниците и гостите на ова чествување до споменикот на големиот хроничар на Балканот од пред и за време наПпрвата светска војна патуваа и од македонска и од грчка страна.

И на чествување на паднати војници, како оваа прилика и во секој друг настан што се случува на релација Македонци-Срби, генералниот впечаток е дека макеоднско-српските односи се на високо ниво, што треба да направи политиката, зборуваше вице-премиерот во македонската влада Иван Соилковиќ.

„Не само Македонците, така веруваат сите граѓани на Македонија , а она што се потврдува во такво нешто веруваат и сите граѓани на Србија, така што, впечатокот е тој. Она што останува на политиката е да ги следи тие расположенија на граѓаните и во Србија и во Македонија , тоа е приметно во држвната српска политика, гледам дека и кај нас има соодветни промени и тие промени ќе се потрудиме да битат уште повидливи за граѓаните

Во следниот период ќе се реализираат неколку големи проекти вели и Сава Стабмолиќ, советник на премиерот на Република Србија кој исто така викендов беше во Битола.

„Српско Македонските односи денес се подобри од било кога, а за тоа сведочи и срдечниот однос меѓу раководствата на Србија и Македонија, честите посети, средби, учеството на српското национално малцинство овде во Македонија во самата власт, и големото обожување што македонското малцинство го има во Србија со децении наназад. И навистина тоа сега ќе го следи една добра културна и економска соработка. “- рече тој.

Во рамките на одбележувањето на Денот на српското единство, слобода и знаме  академикот Драган Симеуновиќ член на српската Академија на науки и уметност  одржа  трибина на која се зборуваше за делот од историјата на овие простори што се значајни за српскиот народ.