ТЕРА

REKLAMA???

ОД ВМРО ДПМНЕ ВЕЛАТ ДЕКА СДСМ МАНИПУЛИРА И БЕГА ОД ПРАВДА

По прес конференцијата на СДСМ за како што рече Илиевски хаваријата во РЕК Битола, од битолската ВМРО ДПМНЕ возвратија со реакција во која велат дека СДСМ продолжува да манипулира со граѓаните.

„Вие, господо од СДС и по страшната пропаст која ве снајде продолжувате исто – манипулирате со граѓаните, ја одрекувате вистината. Правите се да ја избегнете одговорноста, иако тоа е невозможно. Правите се да ја исперете совеста, што ја немате. Залудни се сите ваши обиди, сите ќе одговарате! Неселективна правда ќе има за сите“ стои во партиската реакција.

Понатму велат за да биде појасно, зашто очигледно имале проблем со логиката, избор е направен на фирма за технолошко чистење, но договор ќе се потпише, откако ќе помине законскиот рок за жалбена постапка.

„Можеби и овој факт за вас е непознаница, затоа 31 од вас, се кривично обвинети и ќе одговараат за местени тендери со астрономски суми. Цената на сегашниот тендер е за цели 30% поевтина од тогашниот. Друг факти кој треба да го знае јавноста е тоа дека вработените доброволно се вклучија во чистењето на Блок 3, а не “ормарот” во Блок 2 кој беше “опожарен” под кои околности токму тоа ОЈО што лажно го повикувате тоа ќе докаже“ велат од ВМРО ДПМНЕ.

И истакнуваат дека разликата била што тие работеле за подобро утре на сите, а овие кои обвинуваат бегале од правдата, притоа поставувајќи му прашање за Ковачевски.